Електрични автобуси за јавниот превоз во Струмица

Во Струмица пристигнаа 10 нови електрични автобуси за јавен транспорт, со што општината станува единствена во Македонија и на Балканот којашто воведува целосно електричен јавен превоз.

„Со здравје да си ги користиме и да уживаме во бенефитот од нив. Денеска е ден за радост и гордост. За нас и за Струмица граници нема. Носиме храбри и мудри одлуки и цврсто чекориме напред“ рече струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Тој рече дека со ова се реализира најголемото ветување и се побиваат тврдењата на скептиците.

„Денеска го реализирав најголемото ветување пред Вас, иако имаше многу скептици, јас уште еднаш потврдив дека зборот за мене е збор и отстапки нема“ рече Костадинов и додаде дека се создава една нова верзија на Струмица и нова историја.

Општината набави десет електрични автобуси кои чинат седум милиони евра. Пробниот период на возење на новите електрични автобуси треба да почне на 11 септември на Денот на ослободувањето на градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни