Ел Гордо – шпанската лотарија со рекорден фонд од 2,7 милијарди евра

Најпознатата и најбогатата лотарија на светот Ел Гордо и оваа година ја одбележа претпразничната сезона во Шпанија. Наградниот фонд достигна рекордни 2,7 милијарди евра.

Уште пред изгрејсонце, редици се формираа пред Кралскиот театар во Мадрид, каде што граѓаните купуваа билети за лотаријата Ел Гордо.

„Поспан сум, но ќе бидам милионер. Купив 72 билети“, истакна Хуан Мануел Гомез.


Ел Гордо е најголемата и најпознатата лотарија во светот. Кога беше основана пред околу 200 години, се користеше за собирање пари за борба против француската окупација. Денеска се означува вистинскиот почеток на божиќните празници во Шпанија. Секој што купил билет или десетина, се надеваат на добивка.

„Би ја поправал куќата, би купил автомобил и веројатно би отишол на патување“, вели Роберт Есколар.

Учениците од интернатот Сан Илдефонсо ги извлекуваа и пееја броевите на победниците и наградите.

Речиси три часа по почетокот тие открија дека лозовите со број 72.480 ја добиваат главната премија – вкупно 4 милиони евра.

Главната добивка паднала во градот Логроњо, на северот на Шпанија на спортски клуб.

„Најважно е што Ел Гордо го освои клуб во сиромашна населба во која живеат работнички семејства“, изјави член на кошаркарскиот клуб Дистрито Олимпико.

„Ми се јави пријателот и ми рече дека го освоивме џекпотот. Лозот го чував во џеб, не го ни погледнав“, изјави вработената во лотаријата во Логроњо.

Во четиричасовниот директен телевизиски пренос беа поделени нешто повеќе од 2 милијарди и 700 милиони евра.

Дури сега може со сигурност да се каже – официјално започнаа божиќните празници во Шпанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни