Еквадор прогласи вонредна состојба во седум од 24 провинции поради насилство на нарко банди

Вонредната состојба ќе трае 60 дена и е прогласена во пресрет на вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат денес

Еквадор денес прогласи вонредна состојба во седум од вкупно 24 провинции, како и во главниот град Кито и затворите низ земјата, во обид да се сузбие растечкото насилство поврзано со трговијата со дрога, пренесуваат медиумите.

Вонредната состојба ќе трае 60 дена и е прогласена во пресрет на вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат денес. Во трката се актуелниот претседател Даниел Нобоа и левичарската кандидатка Луиза Гонзалес.

Во рамките на мерките: се суспендирани правата за јавно собирање, воведен е полициски час и овозможено е распоредување на армијата на јавни патишта, пренесува Фигаро.

Мерките доаѓаат во услови на зголемен број убиства, бунтови во затворите и напади врз безбедносните сили, што значително ја влошија безбедносната состојба во земјата во последните месеци.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни