Додека горат традиционалните бадникарски огнови, квалитетот на воздухот во Скопје повторно ги достигнува ризичните граници опасни по здравјето на луѓето. Скопје вечерва е на 13 тото место по загаденост во светот и на трето во Европа. Индексот на загаденост во целиот град официјално е 163 и е класифициран како многу нездрав за здравјето на луѓето.
Во населбата Траиангла индексот е 228, а во Ново Лисиче е 213, што ако се гледа на светската мапа е на високото четврто место со само Сараево, Делхи и Даха во Бангладеш кои се во моментов позагадени.
Кавадарци пак руши рекорди со индекс на загаденост во моментов со индекс од 287 што го прави втор најзагаден град во светот веднаш за Даха и прв во Европа!
Струмица со индекс на загаденост од 261 е трет најзагаден град во светот и прв во Европа заедно со Сараево. Високо на Скалата за загаденост е и Куманови
Мерната станица во Гази Баба покажува индекс на загаденост од 157, во Скопје Центар 161 и 171 во Карпош.
И покрај екстремното загадување, голем дел од граѓаните не се откажаа од бадникарските огнови и тие горат ни целата земја. Сепак еднаш во годината е Бадник, а за протести против загадувањето има нови 364 дена.