Екстремната топлина ја наруши рамнотежата: Необични морски организми се појавија на австралиските плажи

Екстремните временски услови веќе почнуваат да покажуваат сериозни последици — на плажите во Австралија се појавија морски организми какви ретко се гледаат, а експертите предупредуваат дека ова е директна последица на сè почестите топлотни бранови и климатските промени.

На плажата Симафор во Јужна Австралија, локални жители забележале и фотографирале големи, необично обликувани риби, морски ежови и други морски организми кои ненадејно се појавиле на брегот. Овој феномен е поврзан со наглото зголемување на температурата на морето, што предизвика масовен „цут на алги“ — процес што сериозно ја загрозува морската фауна.

Што се случува под површината?

„Цутот на алги“ се случува кога потоплата морска вода овозможува невообичаено брзо размножување на микроскопски алги, кои потоа создаваат густа, често токсична пена на морската површина. Оваа пена:

  • Може да предизвика иритација на кожата и грлото кај пливачи
  • Ја загрозува популацијата на морските животни
  • Сериозно го влијае квалитетот на водата

На јужниот брег на Австралија, особено во областите Виктор Харбор и Гулва, веќе се пријавени први масовни угинувања на морски организми, додека брановите се претвораат во бело-зелена пена што ја покрива површината на морето.

И покрај заладувањето – алгите се шират

Иако температурите неодамна привремено паднаа, алгите продолжуваат да се шират, веќе стигнувајќи до областа на Аделаида и нејзините предградија. Научниците стравуваат дека овој процес ќе продолжи и во наредните недели, особено ако следи нов топлотен бран.

Локалните жители се сè позагрижени бидејќи еколошката рамнотежа на морскиот екосистем е нарушена, а последиците може да бидат долгорочни.

Овој настан е уште една потврда дека климатските промени не се далечен проблем – тие веќе влијаат на секојдневието и животот на Земјата, од подморскиот свет до крајбрежните заедници.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни