Кому му е потребна луксузна суперјахта од 16 милиони фунти ако немате со кого да уживате во неа? Веројатно од оваа мисла се водела и славната двојка Бекам, па Дејвид и Викторија ги поканиле своите познати пријатели, поранешната манекенка Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ранде Гербер да им се придружат на луксузен одмор.
Познатата четворка се појави во пристаништето во Мајами и тргна на крстарење преку Атлантикот. Модната дизајнерка, Викторија Бекам, носеше мал црн фустан и жешки панталони, додека одеше боса на палубата. Но, обожавателите беа посреќни кога на папарацо фотографиите го видоа и нејзиниот сопруг. Бекам беше уловен како сонча покажувајќи го свото торзо.
Инаку, Бекамови неодамна купија мега замок на брегот, кој е само неколку блокови оддалечен од куќата на Синди и Ранде во Мајами Бич, па не е ни чудо што паровите се дружат и се забавуваат заедно, а новата суперјахта на Бекам додаде зачин во забавата. Вилата има и базен долг 38 метри, кујна со професионални готвачи, кино, девет спални соби и бројни други луксузни погодности, а за тоа издвоиле 55,6 милиони фунти.
Познатата манекенка Синди Крафорд во оваа прилика како и секогаш изгледаше многу шик. Таа се појави во бели ленени панталони и темно сина кошула која ноншалантно ја откопча, давајќи ѝ примеси на сексипилност на целиот аутфит.