Повеќе лица загинаа денеска во експлозија во магацин на една бродска компанија во Хамбург, јавуваат германските медиуми.
Експлозиите во магацинот на бродската компанија предизвикаа голема интервенција на локалната противпожарна служба и полицијата. Огромен облак од чад се издигнува над местото на експлозијата, неколку населби и сообраќајници се блокирани, а според информациите од полицијата, бројот на жртви е помал од 10, пренесува Билд.
Во 15:31 часот бил пријавен пожар во магацин во кој наводно се запалило возило, но набргу потоа се слушнале нови детонации од гасни боци, за кои се претпоставува дека биле наполнети со азотен оксид.