Експлозија на гас во Мадрид: Најмалку 25 повредени, тројца тешко (ВИДЕО)

Во експлозија на гас во бар во населбата Пуенте де Ваљекас, Мадрид, повредени се најмалку 25 лица, од кои тројца тешко. Експлозијата го урнала дел од зградата. Повеќе детали и видео од местото на настанот.

Бројот на повредени во експлозијата на гас што се случи во бар во населбата Пуенте де Ваљекас во Мадрид порасна на 25, од кои тројца се тешко повредени, јавува El Pais.

Експлозијата се случила околу 15 часот по локално време, на улицата Мануел Марото, во бар кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда.

Од силината на експлозијата се урнал дел од соседниот влез, како и еден од ѕидовите на самиот бар.


Итни служби на терен

На местото на настанот пристигнале 13 припадници на Цивилната заштита и 17 пожарникари од Градското собрание на Мадрид.

Полицијата ја затворила улицата, а итните служби продолжуваат да го расчистуваат теренот и да ја обезбедуваат областа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни