По утринските напади на САД и Израел врз Иран, тензиите на Блискиот Исток дополнително ескалираа, а одек од конфликтот се почувствува и во други земји од регионот.
Иран возврати со ракетни напади кон Израел, соопшти израелската војска, а беа погодени и повеќе американски воени локации на Блискиот Исток. Со ракети бил нападнат и центарот на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин. Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите биле насочени кон објекти во рамки на кралството, а лансирани надвор од неговата територија.
According to Reuters, huge explosions were heard in Dubai and Abu Dhabi after Iranian missiles attack. pic.twitter.com/01YRSKXxeY
— Fayyaz Shah (@RebelByThought) February 28, 2026
Во меѓувреме, експлозии се слушнале и во Дубаи. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа чад над градот, како и снимки за кои се тврди дека прикажуваат системи за противвоздушна одбрана како пресретнуваат ракети.
Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале повеќе ирански ракети, без да наведат дополнителни детали за евентуални штети.
Ситуацијата во регионот останува неизвесна, а безбедносните власти внимателно ја следат понатамошната ескалација.