Префектот на департманот Рона преку социјалната мрежа X изјави дека на граѓаните им било препорачано да го избегнуваат поширокото подрачје и да останат во затворени простории. Сепак, тој нагласи дека „во овој момент нема опасност од труење“ за локалното население. Во инцидентот уште едно лице се здобило со полесни повреди, а пожарот бил ставен под контрола.
На местото на настанот биле испратени околу 100 пожарникари, а поради безбедносни причини биле затворени главната сообраќајница, железничките линии и речните правци во регионот.
Сопственик на фабриката е норвешката хемиска компанија Elkem, која произведува силикони, силициум, легури за лиење, јаглерод, микросилициум и други индустриски материјали. Од компанијата соопштија дека ќе биде спроведена истрага за да се утврдат точните околности под кои дошло до експлозијата.