Станува збор за т.н. „синдром на експлозија во главата“, необичен пореметување на сонот што се јавува во моментите кога човек заспива или се буди. Луѓето кои го доживуваат опишуваат дека слушаат силни звуци како експлозија, пукање или кршење, иако во реалноста нема никаков звук.
Овој феномен се појавува во преодот помеѓу будна состојба и сон, кога мозокот не се „исклучува“ правилно. Наместо постепено смирување, одредени делови од мозокот испраќаат погрешни сигнали, што се доживува како силна бучава во главата.
Иако самото искуство може да биде многу застрашувачко и да предизвика паника, забрзано чукање на срцето или нагло будење, експертите нагласуваат дека оваа состојба не е опасна и не предизвикува физичко оштетување на мозокот.
Причините не се целосно разјаснети, но се поврзуваат со стрес, анксиозност, замор или нарушен ритам на спиење. Во некои случаи, може да се јават и визуелни ефекти како блесоци на светлина или кратки мускулни трзања.
Иако нема специфичен лек, состојбата најчесто се ублажува со подобрување на навиките за спиење, намалување на стресот и редовен режим на одмор. Доколку симптомите се чести и го нарушуваат сонот, се препорачува консултација со лекар.