Експлозија во близина на американската амбасада во Осло

Полициската управа во Осло соопшти дека сè уште не е познато што ја предизвикало експлозијата или кој бил вклучен во инцидентот

Непозната направа експлодирала ноќеска на влезот во американската амбасада во Осло. Предизвикана е материјална штета, но никој не е повреден.

Силна експлозија во близина на амбасадата во западен Осло се слушнала околу 1 часот по полноќ, а очевидци за локалните медиуми изјавиле дека бил видлив и чад.

Полицијата е во контакт со амбасадата

Портпаролот на полицијата, Микаел Делемир, за јавниот радиодифузен сервис НРК изјави дека експлозијата се случила на влезот во конзуларниот дел.

Полициската управа во Осло соопшти дека сè уште не е познато што ја предизвикало експлозијата или кој бил вклучен во инцидентот.

„Полицијата е во контакт со амбасадата и нема извештаи за повредени“, се вели во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни