Експлозија во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана: Неколку лица загинаа на новогодишната ноќ (ВИДЕО)

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат пожар како гори во барот „Ле Констелашн“, каде што се одржувала новогодишната забава.

Неколку лица загинаа а има и повредени по експлозија во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, соопшти денес локалната полиција.

Експлозијата се случила во 1:30 часот по локално време во барот Констелашн, изјави полицијата за Би-Би-Си.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат пожар како гори во барот „Ле Констелашн“, каде што се одржувала новогодишната забава.

Кран Монтана е луксузен скијачки град сместен во срцето на швајцарските Алпи, на околу два часа од швајцарскиот главен град Берн.

Претставник на швајцарската полиција најави дека наскоро ќе има повеќе информации што ќе ги објави полицијата на Кантон Вале.

Швајцарскиот весник „Блик“ објави дека пожарот можеби е предизвикан од огномет за време на концертот, додека полицијата соопшти дека причината за пожарот засега е непозната.

Кранс-Монтана е луксузен скијачки центар во швајцарскиот регион Вале, кој е популарен меѓу туристите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни