Најмалку пет лица загинаа, а тринаесет се повредени кога автомобил експлодирал пред окружниот суд во главниот град на Пакистан – Исламабад.
Според државните медиуми, жртвите биле најчесто минувачи или луѓе кои дошле на судски рочишта.
Експлозијата, која се случила во утринските часови, оштетила неколку возила паркирани пред зградата на судот.
Полицијата на Исламабад соопшти дека истрагата е во тек, но засега не открива детали за можната причина или за тоа дали станува збор за терористички напад.
