Две згради се урнаа во Истанбул по експлозија на гас

Експлозија на природен гас урна две згради во централниот дел на Истанбул, а спасувачките екипи трагаа по затрупани лица под урнатините. Според последните информации, најмалку осум лица се извлечени, а потрагата продолжува по уште едно исчезнато лице.
IHA Photo, Тurkiye Тoday

Две згради се урнаа денеска во истанбулскиот округ Фатих по експлозија на природен гас, соопштија турските власти, додека спасувачките екипи започнаа потрага по затрупани лица. Според AP, под урнатините првично биле заробени девет лица.

До последните објавени информации, седуммина биле извлечени и префрлени во болница, а подоцна било пронајдено и осмо лице, кое исто така било хоспитализирано. Според државната телевизија TRT, сите преживеани биле во стабилна состојба, додека спасувачките екипи продолжиле да трагаат по деветтото исчезнато лице.

Инцидентот се случил во централниот дел на Истанбул, во густо населениот округ Фатих. AP наведува дека едната од урнатите згради била двокатна, додека за другата не биле веднаш објавени повеќе детали.

Засега фокусот останува на спасувачката операција и на расчистувањето на урнатините, додека причините за експлозијата дополнително ќе се утврдуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни