Експлозија и пожар во индустриска зона во Аргентина повреди најмалку 22 лица

Градоначалникот и спасувачките екипи се борат да го стават огнот под контрола, причината за пожарот сè уште не е позната.

Најмалку 22 луѓе се повредени при експлозија во индустриската зона на аргентинскиот град Езеиза.

„Експлозиите и последиците од пожар во неколку објекти се ужасни“, изјави градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос.

Тој додаде дека сè уште не е утврдена причината за пожарот.

„Се обидуваме да го ставиме огнот под контрола и да го изгаснеме,но сè уште не успеваме“, наведе Гранадос.

Според локалните медиуми, пожарот зафатил најмалку пет објекти.

„Индустриската зона во Езеиза е лоцирана во близина на меѓународниот аеродром, каде се сместени различни компании со различни производи. Има голем број производители на гуми, хемиски компании и магацин за „Ајрон Маунтин“ (компанија што архивира документи и податоци)“, изјави директор на Канцеларијата за цивилна заштита на покраината Буенос Аирес, Фабијан Гарсија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни