Експлозии во неколку градови на Заливот: повредени во Абу Даби, ракети кон Доха и Манама

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемуваат откако во текот на ноќта беа пријавени експлозии во неколку градови во Персискиот Залив, додека во Abu Dhabi шест лица се повредени откако делови од соборен дрон паднале во индустриска зона.

Според локалните власти на United Arab Emirates, противвоздушната одбрана успешно пресретнала беспилотно летало, но неговите остатоци паднале на две локации во индустрискиот дел на градот. Повредени се шест работници – државјани на Пакистан и Непал а нивните повреди се оценети како лесни до средно тешки.

Истовремено, силни експлозии биле пријавени и во Доха , каде што очевидци забележале густ столб чад над катарската престолнина. Експлозии претходно биле слушнати и во Дуба како и во Манама, главниот град на Бахреин.

Властите на Катар ја обвинија Иран дека се обидува да ги вовлече соседните земји во поширок конфликт. Катарскиот премиер порача дека Техеран се обидува „да им наштети на своите соседи и да ги вовлече во војна што не е нивна“.

Според официјални податоци од Емиратите, досега биле пресретнати повеќе од 1.000 дронови, 181 балистичка ракета и осум крстосувачки проектили, во рамки на тековната иранска кампања на одмазда.

Поради влошената безбедносна ситуација, Белика Биританија соопшти дека привремено повлекува дел од персоналот од својата амбасада во Бахреин, како и членовите на нивните семејства.

Серијата напади дополнително го зголемува стравот дека конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири на целиот регион на Персискиот Залив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни