Експлозии на Крим: Нападнати пристаниште и складиште за нафта

Густ чад над клучни инфраструктурни објекти на окупираниот полуостров, наставата привремено прекината

Утрото во пристанишниот град Феодосија, на окупираниот полуостров Крим, беше обележано со повеќе експлозии, при што, според првичните информации, цел на нападот биле локалното пристаниште и складиште за нафта.

Над пристанишниот дел на градот бил забележан бел чад, додека над нафтеното складиште се издигнувал густ, темносив чад. Дописник на Krym.Realii, проект на Радио Слободна Европа, потврди дека чадот бил видлив од повеќе делови на градот.

Поради безбедносната состојба, наставата во сите училишта во Феодосија била привремено прекината. И покрај тоа, руските окупациски власти не прогласиле воздушна тревога.

Жителите на градот, преку локални групи на социјалните мрежи, се пожалиле на недостиг од пристап до засолништа, како и на прекини во интернет-конекцијата. Според сè уште непотврдени информации, една беспилотна леталка која не била соборена се урнала во близина на трговското пристаниште.

Локалниот Телеграм-канал „Кримски ветер“ исто така објави дека противвоздушната одбрана била активна во областа на пристаништето. Според сведоштва на граѓани, користен бил противвоздушен топ со голем калибар, по што следеле информации за два можни директни погодоци.

Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или за степенот на материјалната штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни