Експлозија во челичарница близу Питсбург

Десетици лица се повредени денес по силна експлозија во челичарницата „Clairton Coke Works“ во предградието Клертон, во американската сојузна држава Пенсилванија, јавуваат локалните медиуми.

Десетици лица се повредени денес по силна експлозија во челичарницата „Clairton Coke Works“ во предградието Клертон, во американската сојузна држава Пенсилванија, јавуваат локалните медиуми.

Пожарникарските екипи се на терен и се борат со пожарот, додека од постројката се издига густ чад. Портпаролката на Службата за итни случаи на округот Алегени, Кејси Рајнер, потврди дека има повеќе повредени, но засега нема информации дали има загинати.

Гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, на платформата X соопшти дека неговата администрација е во контакт со локалните власти во Клертон. Тој апелираше жителите во близина на местото на несреќата да ги следат упатствата на надлежните органи и ги повика граѓаните да се придружат во молитва за заедницата.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни