Најмалку шест лица загинаа во експлозија на боца со пропан-бутан во еден ресторан во чешкиот град Мост, соопштиле денеска итните служби.
Во експлозијата која се случила синоќа, повредени се осум лица, а 30 лица се евакуирани од ресторанот и околните згради, јавија чешките медиуми.
По експлозијата, избувнал пожар кој го уништил ресторанот.
Пожарот го гаселе 12 пожарникарски екипи, соопшти чешката телевизија.
Повредените се префрлени во болници во Прага и околните градови.