Експлозија во магацин во Хамбург – повеќе загинати, блокада на автопатот А1

Во Хамбург се случи силна експлозија во магацин на бродска компанија при што загинаа повеќе лица. Пожарот предизвика голем чад, блокада на автопатот А1 и интервенција на противпожарни и полициски сили.

Повеќе лица загинаа денеска во експлозија во магацин на една бродска компанија во Хамбург, јавуваат германските медиуми.

Експлозиите во магацинот на бродската компанија предизвикаа голема интервенција на локалната противпожарна служба и полицијата. Огромен облак од чад се издигнува над местото на експлозијата, неколку населби и сообраќајници се блокирани, а според информациите од полицијата, бројот на жртви е помал од 10, пренесува Билд.

Во 15:31 часот бил пријавен пожар во магацин во кој наводно се запалило возило, но набргу потоа се слушнале нови детонации од гасни боци, за кои се претпоставува дека биле наполнети со азотен оксид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни