Експертка за врски објаснува зошто луѓето изневеруваат

Експертката за врски, Јана Хокинг ги споделува своите мислења за причините поради кои луѓето вршат прељуба. Иако повеќето луѓето отворено не признаваат дека го изневериле својот партнер, истражувањата проценуваат дека од изневерување се погодени еден во секои четири бракови.

Често се претпсотавува дека луѓето изневеруваат бидејќи се несреќни во своите врски, но Хокинг истакнува дека тоа не е секогаш така. Според истражувањата, 56 отсто од мажите и 34 отсто од жените кои го изневериле својот партнер изјавиле дека се во среќна врска.

Хокинг тврди дека причина за изневерувањето е наплив на адреналин.

„Мислам дека ризикуваат бидејќи тоа им е секси и возбудливо или криењето им носи доза на адреналин во нивните досадни животи“ објаснува таа.

Хокинг додава дека многу просечни мажи изневеруваат дури и партнерки кои се „десет од десет“. Оваа појава, според неа, доаѓа од несигурноста. Доколку личноста чувствува дека нивниот партнер е значително попривлечен од нив, тоа може да предизвика несигурност што води до изневерување.

„Мислам дека тие луѓе размислуваат дека доколку таа е толку згодна, може да ги изневери во секој момент. И им треба потврда дека и тие се привлечни“ објаснува Хокинг.

Во една неодамнешна студија, тим научници ги истражувале причините зошто жените ги изневеруваат своите партнери. Истражувачите од Универзитетот Оксфорд во Англија и Универзитеот Мелбурн во Австралија анкетирале 254 жени од 19 земји на шест континенти, кои некогаш во животот биле неверни. Сите биле во хетеросексуални врски.

Учесничките во истражувањето добиле прашања за привлечноста на својот партнер, вклучувајќи и оценка за тоа колку е добар родител, колку ги привлекува неговиот карактер и колку им е физички привлечен. Потоа, на ист начин давале оценки и за личноста со која имале афера за да може да се споредат резултатите.

Резултатите покажале дека иако жените често сметаат дека личноста со која имале афера е попривлечна од својот партнер, таа личност не ја доживуваат како подобар кандидат за родителство.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни