Експертите предвидуваат голем раст на продажбата на електрични автомобили во Европа во 2025 година

Европскиор пазар на електрични возила продолжува да расте брзо, со очекуван пораст на продажбата од 43% во 2025 година во однос на 2024

Според последните предвидувања на експертите од компанијата S&P Global Mobility, следната година ќе донесе значителен пораст во продажбата на електрични автомобили низ светот, а Европа е една од регионите кои бележат најимпресивен раст. Очекувањата се дека глобалната продажба на електрични возила ќе достигне 15,1 милион примероци, што ќе чини 16,7% од вкупната продажба на автомобили.

Европскиор пазар на електрични возила продолжува да расте брзо, со очекуван пораст на продажбата од 43% во 2025 година во однос на 2024. Се предвидува дека електричните автомобили ќе сочинуваат дури 20,4% од вкупната продажба на автомобили во Европа, што претставува значителен скок во однос на претходните години. Овој раст е резултат на комбинација на владините политики, субвенции и сѐ порастечката инфраструктура за полнење, што дополнително ги поттикнува возачите да преминат на електрични модели.

Глобални трендови и контрасти

Иако Европа води во уделот на електрични возила, интересно е што другите региони бележат различни стапки на раст. Индија, на пример, иако има само 7,5% удел на пазарот на електрични автомобили, бележи импресивен раст од 117% во однос на претходната година. Од друга страна, Кина останува лидер со 29,7% удел на пазарот, но со побавен раст од 19,7%.

Во Соединетите Американски Држави, електричните автомобили ќе сочинуваат 11,2% од вкупната продажба на автомобили, со раст од 36%. На глобално ниво, се очекува дека продажбата на електрични возила ќе порасне за 29,9% во однос на 2024 година.

Сите овие бројки укажуваат на тоа дека преминот кон електрични автомобили повеќе не е само тренд, туку глобална трансформација на пазарот на автомобили. Европа, благодарение на напредните закони и поволната инфраструктура, ја зацврстува својата позиција како лидер, додека другите региони брзо го следат овој развој.

Додека влегуваме во ерата на електрични возила, останува прашањето: колку брзо ќе може остатокот од светот да го следи темпото на Европа?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни