Експертите открија колку е штетна газираната вода за здравјето

Една студија од 2023 година покажа дека може да го зголеми протокот на крв, особено во средната мозочна артерија

Иако многумина често ја пијат и ја сметаат за освежувачки избор, нтриционистите откриваат како газираната вода всушност влијае на здравјето.

Во последниве години, газираната вода станува сè почест избор за оние кои сакаат освежување без шеќер и калории. Но, многумина сè уште се прашуваат какво влијание има врз здравјето – особено врз забите, варењето и коските.

Дали газираната вода е здрава колку и негазираната?

Иако содржи јаглеродна киселина и има благо кисела pH вредност, стручњаците нагласуваат дека не претставува сериозна закана по здравјето. Некои студии дури покажуваат дека може да помогне во варењето и да придонесе за поголемо чувство на ситост, пишува Healthline.

Газирана вода се добива кога на обична вода ѝ се додава јаглерод-диоксид под притисок. Резултатот е освежувачко пијалок полно со меурчиња. Повеќето комерцијални газирани води содржат и мали количини сол и минерали за подобар вкус. Постојат и природно газирани минерални води, кои потекнуваат од природни извори и содржат минерали.

Влијание врз здравјето

Газираната вода има pH вредност помеѓу 5 и 6, што ја прави благо кисела. Тоа е резултат на хемиска реакција помеѓу јаглерод-диоксидот и водата, со која се создава слаба јаглеродна киселина – токму таа го дава карактеристичниот „боцкав“ вкус во устата.

Важно е да се истакне дека консумацијата на газирана вода не го нарушува киселинско-базниот баланс во телото, бидејќи бубрезите и белите дробови ефикасно ја регулираат pH вредноста на крвта.

Влијание врз забите

Најчестата загриженост е поврзана со здравјето на забите, бидејќи јаглеродната киселина може да има благ ерозивен ефект врз глеѓта.

Сепак, истражувањата покажуваат дека овој ефект е минимален, особено во споредба со штетата што ја предизвикуваат засладените газирани пијалаци (како газираните сокови).

Стоматолозите препорачуваат газираната вода да се пие со оброк или по неа да се исплакне устата со обична вода за да се намали ризикот.

Влијание врз варењето

Газирана вода може позитивно да влијае и на системот за варење. Истражувањата покажуваат дека може да ја подобри способноста за голтање, особено кај повозрасни лица или кај оние со потешкотии.

Исто така, придонесува за чувство на ситост и го забавува празнењето на желудникот, што може да помогне при контролирање на апетитот. Сепак, потребни се дополнителни студии за потврда на овие ефекти.

Влијание врз коските

Спротивно на верувањето дека сите газирани пијалаци ја намалуваат густината на коските, тоа не е научно докажано за обичната газирана вода. Проблемите со коските се повеќе поврзани со пијалаци кои содржат фосфорна киселина (на пр. кола пијалаци).

Националната фондација за остеопороза наведува дека природните минерални води со меурчиња дури можат да имаат позитивен ефект врз коските, поради содржината на калциум и магнезиум.

Влијание врз срцето

Нови истражувања укажуваат дека газираната вода може да има поволен ефект врз кардиоваскуларниот систем.

Една студија од 2023 година покажа дека може да го зголеми протокот на крв, особено во средната мозочна артерија. Сепак, овие наоди се прелиминарни и потребни се дополнителни истражувања.

Газирана вода, во умерени количини, не е штетна за здравјето и може да има одредени корисни ефекти. Таа не содржи калории, може да биде пријатна алтернатива на обичната вода и нуди освежување без штетните последици од засладените пијалаци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни