Google складира аудио од активноста на корисниците на интернет и во апликациите, вклучувајќи вербални интеракции со пребарување, асистент и мапи за да ги подобри технологиите за препознавање глас.
Сепак, неодамна, еден технолошки експерт откри „код за измама“ за кој тврди дека може да го спречи Google да ги евидентира активностите на корисниците на паметните телефони.
Корисниците треба да ја прилагодат својата сметка на Google со избирање на соодветните поставки во „Податоци и приватност“ за да го блокираат пристапот до микрофонот и камерата на технолошката компанија, пишува Дејли Меил.
Технолошкиот претприемач Џефри Кастиљо сподели совет со корисниците преку видео на Инстаграм, објаснувајќи како можат да ја исклучат функцијата.
Потребно е да ја отворите апликацијата Google и да кликнете на „Управувајте со вашата Google сметка“. а потоа за да ги отворите поставките за податоци и приватност, потоа поставките за историја и потоа „Активност на веб и апликации“.
„Кога ова е исклучено, аудио снимките од гласовните интеракции со Google Search, Assistant и Maps нема да се чуваат во вашата сметка на Google, дури и ако сте најавени“, објасни Google.