Авионите долго време имаат лоша репутација дека се валкани и нехигиенски. Од тепихот до преградите над главите на патниците, од прозорците до ѕидовите – сè е преполно со бактерии. Виш аналитичар за контрола на квалитет спроведе тестирање кое откри неверојатна количина нечистотија на седиштата во авионите.
„Колку е валкан еден мал авион?“ праша овој експерт познат по прекарот @HowDirtyIs во описот на виралното видео на TikTok.
Николас Ајхер, виш аналитичар за контрола на квалитет, е познат по своите видеа од земање брисеви од јавни места како што се бензински пумпи, соблекувални, козметички тестери, седишта во кино и слично, и објавување на резултатите на својот канал на TikTok.

Снимките од авионот го покажуваат како влегува во авионот и зема примероци од потпирачите за раце, масата за склопување, прозорците и упатството за безбедност. Откако внимателно ги собрал примероците, ги однел брисевите во лабораторија на тестирање.
Резултатите ги оставија неговите следбеници без зборови.
Тие беа многу полоши од оние од претходниот експеримент што го спроведе на седишта во салоните на аеродромите. Она што го открил во овој тест ги шокирало своите следбеници.
„Препорачувам да носите долги ракави во авионот“, рече тој, држејќи ги резултатите од тестот од потпирачот за раце на авионот во раката.
Тоа е модерен, но и здрав совет, со кој се согласи дури и една стјуардеса. „Колку повеќе кожа покривате, толку повеќе сте заштитени“, рече таа.
Сепак, истрагата на @HowDirtyIs не заврши тука. Тој ги сподели и застрашувачките резултати од тестирањето на примероци од прозорецот, масата за склопување и упатството за безбедност – сите тие покажаа голема количина нечистотија од околината во која престојуваат патниците, пишува Њујорк пост.