Ексклузивно за Трн: Тамара Котевска – Нов документарен филм за ловците на мамутски коски

Летово започна снимањето на новиот документарен филм на Тамара Котевска, возбудлива приказна која не носи во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација.

Приказната на Тамара Котевска го следи конфликтот помеѓу традиционалните одгледувачи на ирваси и оние кои ископуваат мамутски коски за да ги продаваат на Кинезите.

-Наоѓање на визуелен јазик низ кој ќе се долови една тема и наоѓање на правата емоција која ќе допре до огромен број на луѓе. Тоа е магијата на филмот- вели Тамара за Трн.

Утре (вторник), ќе биде објавено целосното ексклузивно интервју со Тамара Котевска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни