Екслозија од витамини: Глазираниот прокељ е одличен прилог за зимските денови

Глазираниот прокекљ е одличен прилог на менито во зимските денови. Дури и оние кои вообичаено го избегнуваат прокекљот можат да го посакаат доколу го подготват на овој начин.

Состојки:

750 гр прокељ
60 мл екстра девствено маслиново масло
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
60 мл мед
80 мл балсамико оцет
3/4 лажичка крупно мелени чили пиперки
50 гр путер
3 млади кромидчиња
1 лажичка ситно изрендана кора од лимон

Подготовка:

Ставете ја тавата на пониското ниво на рерната и загрејте ја на 220 степени. Пресечете го прокељот на половина, ставете го во поголем сад и додадете масло, сол и бибер. Внимателно извадете ја топлата тава од рерната. Со помош на клешти, нанесете ги половините од прокекљот на плехот со рамната страна свртена кон плехот за печење. Печете на 220 степени на најниска рерна додека не омекне и порумени, околу 20 до 25 минути.

Во меѓувреме, ставете го медот да зоврие во мало тенџере на средно-силен оган. Намалете ја топлината и варете уште три до четири минути, често мешајќи додека медот не добие длабоко жолта боја, но не изгори. Ќе биде пенесто, што е во ред. Тргнете го медот од оган и додадете ги оцетот балсамико и чили пиперките, и мешајте додека сосот не стане кремаст. Вратете го тенџерето на средно-силен оган, додадете ги путерот и солта и варете со постојано мешање додека глазурата не стане сјајна, шамчеста и згусната, околу три до четири минути. Префрлете го печениот прокељ во голем сад и додајте ги глазурата и кромидот и мешате ги да се соединат. Посипете ги со кора од лимон и послужете ги со месо, риба или друго главно јадење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни