Eксклузивно за Трн, Раде Шербеџија: Се восхитувам на храбоста на младите во Србија

И се восхитувам на таа младина, се восхитувам на нивната храброст, памет. Брилијантни се. Јас верувам во нив. Ја од тогаш секој мој концерт го почнувам со тишина. И вечерва концертот ќе го посветам на нив

Раде Шербеџија, викендов одржа уште еден незаборавен коцерт во Скопје. На сцената и овој пат совршено ја спои актерската магија со музиката. Со Шербеџија разговаравме непосредно пред концертот во Македонската Филхармонија. Зборувавме за неговата пасија кон музиката, за работата, за студентите, за незаборавниот филм „Пред Дождот“…За љубовта и поврзаноста со Македонија.

Изминатите концерти Шербеџија ги посвети на студентите од Србија и протестите кои ги покренаа. Тој испрати и емотивна видео порака со која ја поодржа нивната упорност, истракност и храборост да бараат промени. Неговиот концерт во Скопје се совпадна со големиот протест во Нови Сад.

-И сега сум возбуден, гледајќи телевизија за се ова што се случува во Нови Сад. Возбуден сум. Тие слики ме потсетуваат на оние документарни снимки на завршување на Втората светска војна, кога доаѓа народ, се прегрнуваат еден со друг, ослободителите и оние кои биле заробени и тоа се невидени емотивни нешта. И се восхитувам на таа младина, се восхитувам на нивната храброст, памет. Брилијантни се. Јас верувам во нив. Ја од тогаш секој мој концерт го почнувам со тишина. И вечерва концертот ќе го посветам на нив – вели Шербеџија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни