Eксклузивно за Трн Раде Шербеџија-Љубовта кон Македонија трае долго…

Трае долго, оваа љубов кон Македонија. Од времето кога бев млад студент на Академија и кога прв пат доаѓав тука, со некои претстави во драмскиот театар „Гавела“. Бев млад стипендист и играв некои улоги за прв пат овде. И така ја запознав генерацијата на моите пријатели…

Со Раде Шербеџија, една од најголемите ѕвезди на балканската и светска сцена, зборувавме непосредно пред концертот во Македонската Филхармонија. Зборувавме за љубовта кон театарот, филмот, музиката но и за љубовта кон Скопје и Македонија каде секогаш со задоволство се враќа.

Трае долго, оваа љубов кон Македонија. Од времето кога бев млад студент на Академија и кога прв пат доаѓав тука, со некои претстави во драмскиот театар „Гавела“. Бев млад стипендист и играв некои улоги за прв пат овде. И така ја запознав генерацијата на моите пријатели… се сеќавам тогаш беше главен глумец Чоревски, па некои прекрасни глумци како Ненад Стоjaновски, млади и совршени. Мојот врсник Мето Јовановски, браќата Стефановски со кои сум другар и пријател, скоро станавме семејство. Така што мојата поврзаност е длабока со нив и тука е секако мојот Милчо Манчевски кој на некој начин ми е како млад татко во филмот…вели Шербеџија.

„Пред Дождот“- Каков Филм!

На 9 декември минатата година филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски ја прослави својата 30-годишнина со гала златна премиера во Филхармонија. На премиерата покрај Манчевски, присуствуваше и речиси целата актерска екипа заедно со Шербеџија.

„Пред дождот“ беше првиот филм што го освои најголемиот меѓународен успех за Македонија, влегувајќи во светското културно наследство и станувајќи дел од престижната Крајтерион колекција. Од моментот на неговото прикажување, филмот освои преку 30 награди на меѓународни фестивали, а „Њујорк тајмс“ го вброи во листата на 1.000 најдобри филмови во историјата. Филмот ги освои престижните награди, како Златниот лав на Фестивалот во Венеција, номинацијата за Оскар, а беше дистрибуиран и во над 60 земји. Токму овој филм ја лансираше светската кариера на Шербеџија.

-Тој филм ми ги отвори вратите. Тој божанствен филм, сега го гледав пак. Ја не ги гледам многу своите филмови во кои што играм и тој филм не сум го гледал 30 години. Беше многу, многу возбудливо. Не ми се веруваше, толку беше прекрасно кога ги гледав сите тие кадри, Боже како е тој филм направен, божанствено- вели Шербеџија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни