Екс руски заменик министер најден мртов во својот дом во Москва

Наводно е пронајдено оружје во близина на телото, а полицијата моментално ги истражува околностите на неговата смрт
xr:d:DAFMp6QPaRw:3,j:35703314729,t:22091907

Алексеј Скљар (49), поранешен заменик-министер за труд и социјална заштита на Руската Федерација, бил пронајден мртов во својата вила во Москва, објавија руските медиуми.

Според извештаите, вратата од вилата била отворена, а телото на Шкљар било пронајдено во ходникот.

Наводно е пронајдено оружје во близина на телото, а полицијата моментално ги истражува околностите на неговата смрт.

Скљар беше заменик-министер од 2018 година, а беше разрешен во 2022 година од премиерот Михаил Мишустин.

Откако ја напушти државната служба, тој отвори приватна компанија, која ја стави на чело на својата сопруга, која е 17 години помлада од него. Двојката се венча пред три години, кратко по разводот на Шкљар од неговата прва сопруга.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни