Светските берзи се под зголемен притисок поради продолжениот конфликт на Блискиот Исток, додека цената на нафтата продолжува да расте и да создава неизвесност на пазарите.
Според економските аналитичари, доколку конфликтот продолжи, може да дојде до сериозен глобален економски шок. Берзите велат тие краткорочно реагираат остро на вести, со дневни поместувања од 1–2%, но американските пазари засега остануваат релативно стабилни.
Сепак, продолжената ескалација може да доведе до нагло влошување на очекувањата за економски раст во САД и пад на пазарите.
Нафтата и војната: „good for business“ – до одредена точка
Економистите посочуваат дека воените конфликти краткорочно можат да бидат профитабилни за одредени индустрии, особено за производителите на оружје и муниција.
Но, доколку кризата продолжи, ефектот би можел да се преврти и да стане штетен за глобалната економија. Особено критични се кон Европска Унија, тврдејќи дека во последната деценија таа нема јасна економска стратегија и дека реакциите на енергетските кризи се недоволно координирани.
Како примери ги наведува мерките како ограничување на гориво и промени во акцизите, кои ги оценува како несоодветни.
Енергетска и геополитичка неизвесност
Аналитичарите предупредуваат дека сите сценарија остануваат отворени, особено во контекст на клучни поморски рути како Хормушки Теснец, кој е критичен за глобалната трговија со нафта.
Според нив, продолжената нестабилност може да ја промени структурата на глобалните енергетски пазари и да создаде долгорочни последици за економиите ширум светот.