Истражување:

Еколошките пресвртници може да се случат побрзо од очекуваното

Еколошкиот колапс веројатно ќе започне порано отколку што се веруваше, според новата студија која моделира како пресвртниците можат да се засилат и забрзаат една со друга.

Врз основа на овие наоди, авторите предупредуваат дека повеќе од една петтина од екосистемите ширум светот, вклучително и Амазонската прашума, се изложени на ризик од катастрова во текот на еден човечки животен век.

„Тоа би можело да се случи многу наскоро“, вели професорот Сајмон Вилкок од Ротамстед Рисрч, кој го предводеше истражувањето. „Реално би можеле да бидеме последната генерација што ја видела Амазонија“.

Истражувањето, кое беше објавено во четвртокот во Nature Sustainability, најверојатно ќе предизвика жестока дебата. Во споредба со одамна воспоставената и дефинитивно докажана врска помеѓу фосилните горива и глобалното затоплување, науката за превртните точки и нивните интеракции е релативно неразвиена.

Највисокото научно советодавно тело на Обединетите нации, Меѓувладиниот панел за климатски промени, беше повнимателен. Во својот последен извештај, тие рекоа дека има шанси за пресвртница во Амазон до 2100 година.

Сепак, неколку истакнати бразилски научници, вклучувајќи го и Карлос Нобре, предупредија дека тоа може да дојде многу порано. Новата студија ја нагласува таа алармантна перспектива. Новата студија забележува дека повеќето студии до сега се фокусирале на еден двигател на уништување, како што се климатските промени или уништувањето на шумите. Но, кога ќе го комбинирате ова со други закани, како што се недостатокот на водата, деградацијата и загадувањето на реките од рударството, распаѓањето на екосистемите доаѓа многу побрзо.

Езерото Ерхаи во Кина ја доживеа својата катастрофа порано отколку што очекуваа повеќето набљудувачи. Според Вилкок, ова е затоа што проекциите се засновале на еден фактор – земјоделскиот истек кој го оптоварува водоводниот систем со вишок хранливи материи – но други стресови се надополниле и ја забрзале оваа деградација. Кога климатските варијации, управувањето со водата и другите форми на загадување беа додадени во мешавината, езерскиот систем брзо ја изгуби својата еластичност.

Генерално, тимот составен од научници од универзитетите Саутемптон, Шефилд и Бангор, како и Ротамстед Рисрч, разгледа два езерски екосистеми и две шуми, користејќи компјутерски модели со 70.000 прилагодувања на променливите. Тие откриле дека до 15% од колапсите настанале како резултат на нови стресови или екстремни настани, дури и додека примарниот стрес се одржувал на константно ниво. Лекцијата што ја научија беше дека дури и ако со еден дел од екосистемот се управува одржливо, новите стресови, како што се глобалното затоплување и екстремните временски настани, може да ја свртат рамнотежата кон колапс.

Иако опсегот на студијата беше ограничен, авторите рекоа дека резултатите ја покажале потребата креаторите на политиките да дејствуваат со поголема итност.

„Претходните студии за еколошки пресвртни точки укажуваат на значителни социјални и економски трошоци од втората половина на 21 век наваму. Нашите наоди укажуваат на потенцијалот овие трошоци да се појават многу порано“, истакна коавторот проф Џон Диринг.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни