Search

Еколошката полиција и казните се неопходни во заштитата на животната средина

Република Северна Македонија има добра правна рамка за животната средина, но голем предизвик останува спроведувањето и фунционалноста на институциите

Воведувањето на кривичното дело екоцид е значаен чекор напред во воведување вистинската заштита на животната средина, но за да постигне крајната цел мора и да се подобри правната рамка и да се специјализираат судиите и јавните обвинители. Судиите исто така треба да имаат прецизни упатства потребни за да изрекуваат конкретни санкции, а еден од условите за ефикасна заштита на животната средина е и формирање на еколошка полиција.

Република Северна Македонија има добра правна рамка за животната средина, но голем предизвик останува спроведувањето и фунционалноста на институциите, беше заклучено на петтата сесија на Работната група 5-Животна средина на тема „Приближување на националното законодавство кон европските напори за еколошка правда“, во организација на Европско движење во Република Северна Македонија. На сесијата, беше споделено и искуството на Словачка, земја каде што веќе функционира еколошката полиција, а Словачкиот инспекторат за животна средина се финансира од буџетот, но и од казните кои ќе ги изрече.

Норберт Курила, советник на претседателот на Словачка за животна средина, енергија, климатски промени и бизнис клима, во своето обраќање стави акцент на новата ЕУ Директива, со која се проширува опсегот на нови дела од областа на животната средина, како и воведување нови казни.

Најново

Последни колумни