Еко работилница во Лабораториум

Да пренаменуваме пластични шишиња во саксии

Во недела на 21ви април, ќе се одржи plant swap и еко работилница за пренаменување на пластични шишиња во саксии. Работилницата ќе се одржи во Културно едукативниот ценатр Лабораториум и биде отворена од 12:00 до 17:00 часот, а посетителите ќе бидат послужени со кафе, лимонада и добра дружба. Учесниците ќе разменат зелени приказни и ќе имаат прилика да се вратаат дома со ново растение!

„Организираме размена на растенија за да ја размножите вашата зелена колекција. Донесете од дома барем едно коренче или сецнатинка од ваше растение. Секое коренче мора да е во добра форма и од растение кое може да се размножува. Бројот на растенија е неограничен. За секое дадено коренче, добивате едно назад“


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни