Работилница за еко населени места за дигитални номади во Македонија

Интерактивна работилница ќе истражува кои села и мали градови во Македонија имаат најголем потенцијал да станат центри за дигитални номади и одржлив живот.

Сè повеќе луѓе кои работат од далечина бараат мир, природа и креативна инспирација надвор од градскиот метеж. Токму затоа, идејата за еко населени места за дигитални номади во Македонија добива сè поголемо внимание.

Ако ти е смачено од брзината на животот во Скопје или некој од поголемите градови, а имаш флексибилност да работиш од дома, оваа иницијатива може да биде вистинската промена што ја посакуваш.

На интерактивната работилница организирана од страна на иницијативата yesforless, учесниците ќе имаат можност заедно да ги истражат најперспективните села и мали градови во Македонија, да размислат за нивниот потенцијал за еко-живот, локални активности и одржлив туризам, како и да предложат конкретни идеи за нивно заживување.Работилницата ќе се одржи на 9 ноември (сабота), од 14:00 до 18:00 часот, во Public Room во Скопје.

Привлекувањето на дигитални номади во руралните средини не е само можност за нов начин на живот, туку и начин за оживување на напуштени села и поттикнување на локалниот развој. Со тоа, малите заедници можат повторно да станат живи, динамични и економски активни преку нови идеи, проекти и соработки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни