ЈСП ќе се модернизира, но кога – сè уште останува непознато. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави набавка на 100 нови автобуси, кои, како што вели, ќе го променат секојдневието на илјадници граѓани што го користат јавниот превоз, но не најави конкретен датум кога автобусите ќе почнат да сообраќаат низ главниот град, ниту пак кога истите ќе бидат набавени.
„Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз. Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и Владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. Додека да пристигнат новите автобуси, за скопјани во новата година остануваат старите проблеми.
Автобусите доцнат, а граѓаните не успеваат навреме да стигнат на работа, училиште или на лекар.
Инаку, најавата за модернизација на ЈСП и набавка на нови автобуси се одолговлекува уште од минатата година. Премиерот Мицкоски, како и првиот човек на градската управа, викендот што измина најавија дека проблемот со јавниот превоз ќе се решава со набавка на нови автобуси
