Екипажот на Луфтханза во штрајк, откажани стотици летови

Кабинскиот персонал на Луфтханза стапи во штрајк поради спор околу платите и условите за работа, а низ Германија се откажани стотици летови.
A Lufthansa aircraft stands at a gate at the Munich Airport in Munich, Germany, Thursday, Feb 27, 2025. (Sven Hoppe/dpa via AP)

Кабинскиот персонал на германската авиокомпанија Луфтханза од полноќ влезе во штрајк што ќе трае до 22 часот денес, поради застој во преговорите за плати и спор околу условите во регионалната подружница Lufthansa CityLine. Поради штрајкот, веќе се откажани стотици летови низ Германија, а најсилно е погоден Франкфурт, каде отпаднаа околу 75 проценти од планираните поаѓања.

Синдикатот UFO, кој ги претставува стјуардите и стјуардесите, соопшти дека на штрајк се повикани околу 20.000 вработени. Причината е застојот во преговорите за платите со главната компанија Луфтханза, но и одбивањето да се преговара за социјален план за Lufthansa CityLine, која исто така е опфатена со акцијата.

Луфтханза најави вонредни мерки, но и покрај тоа однапред откажа стотици летови. Освен Франкфурт, погодени се и Минхен, Лајпциг/Хале, Берлин и Штутгарт. Иако формално се засегнати само поаѓањата од Германија, се очекува да бидат нарушени и дел од повратните летови, бидејќи некои авиони во моментот се наоѓаат на странски дестинации.

Ова е трет голем штрајк годинава во најголемата германска авиокомпанија, по двата претходни круга штрајкови на пилотите. Авиокомпанијата ги повика патниците пред патување да го проверат статусот на својот лет, а им понуди и можност за нова резервација или поврат на пари. Во случаи на доцнење подолго од три часа, патниците имаат право и на обесштетување, како и на алтернативен превоз, оброци и сместување кога тоа е потребно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни