ЕК со казна од 120 милиони евра за платформата Х на Маск

Комисијата утврди дека X не се придржувал кон три одредби од Законот за дигитални услуги, а првата се однесува на сината ознака
epa10772440 An illustration pictures shows a user holding a mobile phone displaying the 'X' logo, in Los Angeles, California, USA, 27 July 2023. Twitter announced on 23 July that it will rebrand to X. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Европската комисија донесе одлука за казнување на платформата X во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск со 120 милиони евра за кршење на Законот за дигитални услуги.

Комисијата утврди дека X не се придржувал кон три одредби од Законот за дигитални услуги. Првата се однесува на сината ознака, за која Комисијата утврди дека ги заведува корисниците да веруваат дека сметка со сина ознака е всушност потврден корисник.

Втората е прекршување на барањето за обезбедување достапност на складиште за реклами, во кое може да се пребаруваат сите реклами прикажани на платформата, што е особено важно за преглед на заведувачки политички реклами во изборните кампањи. Третата е прекршување на одредба што им овозможува на истражувачите да анализираат јавно достапни податоци за X.

„Заведувањето на корисниците со сини ознаки, криењето информации во рекламите и исклучувањето на истражувачите немаат место на интернетот на ЕУ“, изјави извршната потпретседателка за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, напиша за X дека „ЕУ треба да ја поддржува слободата на говорот, а не да ги напаѓа американските компании за глупост“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ги критикуваше европските дигитални закони како антиконкурентски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни