ЕК бара објаснување за поставувањето на Богојески на чело на „Еразмус+“

Европската комисија изрази „значајна загриженост“ во врска со поставувањето на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „Еразмус+“. Комисијата не била информирана за неговата номинација и бара разговор со министерката за образование, Весна Јаневска.

„Очекуваме директорот на агенцијата што управува со клучна ЕУ програма да ги поддржува основните вредности на Унијата – човеково достоинство, демократија, еднаквост и владеење на правото“, велат од ЕК за „Порталб“.

Назначувањето предизвика лавина реакции – од опозициските ДУИ и крилото на Алијанса за Албанците на Села, до граѓанскиот сектор. Невладината „Мрежа за заштита од дискриминација“ побара итно повлекување на одлуката, наведувајќи примери на „говор на омраза, дискриминација и поттикнување на нетолеранција“ од страна на Богојески.

Јаневска изјави дека „ако има проблеми, ќе се преземат мерки“ и додаде дека сите директори треба да работат деполитизирано. Сепак, останува нејасно зошто Министерството не ја информирало ЕК, и зошто се избрал токму човек чии ставови често се косат со европските вредности.

Проблемот не е само во изборот, туку и во начинот: нетранспарентен процес, партиски кадар на функција која би требало да биде лишена од политички влијанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни