ЕК ќе предложи нова стратегија за еднаквост на ЛГБТИК заедницата по 2025 година

До крајот на оваа година, Европската комисијата ќе предложи стратегијата за по 2025 година за еднаквост на припадниците на ЛГБТИК заедницата, која ќе има за цел справување со дискриминацијата и омразата врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики, соопшти ЕК по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата (ИДАХОТ) – 17 мај. 

„Нема да изоставиме никого од ЛГБТИК заедницата. Посветени сме да обезбедиме во ЕУ да немаат место за насилството, омразата и дискриминацијата, а новата стратегија за еднаквост на ЛГБТИК лицата ќе биде клучен чекор во оваа насока. Напредокот продолжува“, порача еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи, Хаџа Лабиб 

Како што најави ЕК, новата стратегија има за цел да се справи со сите форми на дискриминација и со практиките на вознемирување и насилство мотивирани од омраза, како  онлајн, така и офлајн.  

Јавната консултација за прибирање увиди и мислења во однос на стратегијата е отворена до 24 јуни 2025 година. 

„Европската комисија го одбележува 17 мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, за да ја подигне свеста за насилството и дискриминацијата со кои се соочуваат лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите, небинарните, интерсексуалните и квир (ЛГБТИК) лицата. На овој датум се одбележуваат 35 години откако Светската здравствена организација ја декласификува хомосексуалноста како ментално нарушување. ЕУ останува посветена на обезбедување напредок и ставање крај на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики, како во рамките на европските граници, така и надвор од нив“, се наведува во соопштението. 

Според Комисијата, во последните децении развојот на законодавството, судската пракса и политичките иницијативи го подобрија животот на многу луѓе.  

„Неодамнешните податоци од Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија покажаа дека ЛГБТИК лицата се поотворени за себе во своите социјални кругови. Сепак, во последниве години има загрижувачка ескалација на насилството врз нив поради тоа што се ЛГБТИК лица, вклучувајќи вознемирување мотивирано од омраза и физички и сексуални напади, особено насочени кон транс, небинарните, родово различните и интерсексуални лица“, се додава во соопштението. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни