Најголемиот музички фестивал во Југоисточна Европа ЕГЗИТ, на социјалните мрежи објави шест нови локации за изданието во 2026 година, а меѓу нив се најде и Македонија.
Според најавите, ЕГЗИТ свое издание во Македонија ќе има во месец јуни. Претходно, во месец мај домаќин ќе биде Хрватска. Во август ЕГЗИТ се сели на Малта, во октомври во Египет а во ноември во Индија, по што пак се враќа во Србија.
„25 години ЕГЗИТ беше симбол на слободата, љубовта и заедништвото, а сега растеме надвор од границите и одиме низ целиот свет. Време е за првото поглавје на ЕГЗИТ глобалната тура 2026“ стои во објавата од фестивалот каде се наведува дека повеќе детали ќе се соопштат дополнително.
Оттаму, додаваат дека ова е само првата половина од приказната и дека наскоро ќе бидат објавени и дополнителни локации.
Оваа глобална тура доаѓа откако по завршувањето на 25тото издание на фестивалот, беше најавено дека ЕГЗИТ повеќе нема да се одржува во Србија поради укинувањето на државната помош, но и репресивните методи на режимот кон организаторот, учесниците и посетителите на последното издание на ЕГЗИТ.
Инаку ЕГЗИТ преку настанот Get EXITed Strumica“ четири години успешно се одржуваше големиот струмички парк каде настапија голем број светски и регионални ѕвезди како Џек Џонс, Џон Њуман, Бурак Јетер, Дебора Де Лука, Сенида, Бајага и Инструктори, Бејби Лазања, Махмут Орхан, Констракта, Ван Гог…
