Egorythmia по пет години повторно во Скопје

Оваа сабота во КЦ Бруталиск

Едно од најголемите прогресив псај транс имиња во светот Egorythmia со целовечерен настап овој викенд гостува во новиот културен центар во Дебар Маало – Бруталиск. Бобан Лазовски се стекна со светска слава со својот албум Egorythmia во 2008 и оттогаш почна да го користи тоа име на настапите во најголемите клубови и фестивали низ светот. На само неколку дена пред лансирањето на својот последен албум „Deviant“, тој настапува пред одбрана и ограничена публика во својот роден град каде последен пат настапил пред дури пет години.

Бобан Лазовски е музички продуцент од Скопје, еден од повлијателните и продуктивни продуценти во жанрот прогресив транс. На музичката сцена е активен од 2001 година.

Оттогаш има бројни изданија за најреномираните издавачки куќи како што се Iono, Iboga, Perfecto Fluoro, Tesseractstudio, Blue Tunes, Echoes и Plusquam, и редовно гостува на најголемите светски музички фестивали и клупски настани за електронска музика како Boom, Ozora, Fusion, Exit, Antaris, Universo Parallelo, Sunburn, Equinox, BAP, World of Trance, TamTam и други. Egorythmia има соработувано со врвни музички продуценти, меѓу кои Ace Ventura, liquid Soul, Ritmo, Zen Mechanics, Perfect Stranger, Quantize и Mute.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни