Отварање на 23- от Меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс.

„Efterklang: The Makedonium Band“, документарниот филм за потрагата по совршениот звук на Македониумот

Проектот кој започна во Младинскиот културен центар како една непосредна но прекрасна иницијатива да се обедини музиката надвор од сите градници, вчеравечер после нешто повеќе од една година повторно се врати во МКЦ, со документарен филм кој ја заокружува целата нивна потрага по совршениот звук на Македониумот. „Една година подоцна МКЦ е нешто што ни е блиско и убаво. Исто како и луѓето кои ги запознавме овде преку нивната музика и за мене е навистина посебно. Тоа е магијата на музиката…“ вели Андреас Џонсен за Трн

Документарниот филм „Efterklang: The Makedonium Band“, во режија на Андреас Џонсен и приказната за обединувачката моќ и природата на музиката што ги надминува сите граници граници, синоќа го отвори 23 тото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

По премиерата на филмот следуваше и концерт на данската група „Ефтеркланг“ која на сцената уште еднаш ги собра сите македоснки музичари кои учествуваа во проектот. Проектот кој започна во Младинскиот културен центар како една непосредна, но прекрасна иницијатива да се обедини музиката надвор од сите градници, вчеравечер после нешто повеќе од една година повторно се врати во МКЦ, со документарен филм кој ја заокружува целата нивна потрага по совршениот звук на Македониумот.

– Се враќаме во Скопје една година откако го снимивме Македониум бенд и овојпат се овде ни изгледа познато и убаво. И тоа е веројатано првото нешто што ми паѓа на ум кога ќе помислам на Македонија и на МКЦ. Она што е различно сега, една година подоцна е тоа што сега знаеме многу повеќе луѓе, музичари и го знаеме МКС, Скопје. Се е некако поинтимно. Ова е веќе место кое ни е блиско. Се трансформира во нешто што ни е драго и познато. Понекогаш запознавате некого, но тоа не е само запознавање обично, туку знаете од почеток дека е нешто повеќе. Ние ги запознавме овие луѓе преку музиката, научивме нешто за македонската музика и за сите овие луѓе со кои свиревме. И тоа за мене е навистина посебно. Тоа е магијата на музиката. Голема чест е да се биде дел од „Синедејс“ и да се има можност да се прикаже филмот пред македонската публика за прв пат. За мене ова е најважната премиера на овој филм. Прикажувањето пред луѓето каде филмот е направен- вели за Трн Андреас Џонсен.

Филмот, велат од МКЦ, ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регрутација на членови на новиот мета состав наречен ‘Ефтеркланг: Македониум бенд’, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владиа Младеновски – Грга, кој е нивен пријател и посредник во целата авантура.

Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Средбата меѓу Ефтеркланг и многуте талентирани музичари кои се приклучуија на проектот донесе взаемна отвореност и великодушност, што го прави „Ефтеркланг: бенд Македониум“ потресен, топол потсетник за обединувачката моќ и природата на музиката што ги крши границите.

Инаку, светска премиера „Eфтеркланг: Македониум бенд” имаше во март 2024 на фестивалот „CPH“ во Копенхаген, Данска. Филмот на фестивалот имаше две проекции, по што следеа и два настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм

По првата фестивалска вечер и премиерата на „Efterklang: The Makedonium Band“, на меѓународиот фестивал на европски филм „Синедејс“, кој под слоганот „Како е? Викај ура“, се одвива во паркот зад Младинскиот културен центар, киното Фросина и летното кино на Кинотеката на Македонија, во склоп на фестивалот ќе бидат прикажани околу четириесетина филмски наслови во неколку програми, Гала програмата, Официјалната селекција, SEE програмата, и МК Shorts (кратки филмови).

Љубителите на филмот на „Синедејс“ ќе имаат можност да ја видат ретроспективата на филмовите посветена на легендарниот југословенски режисер Вељко Булајиќ, како и кратки филмови од култниот европски автор Вим Вендерс. Во Гала програмата, „Синедејс“ ги носи најновите филмски остварувања директно од Канскиот фестивал кој се одржа во мај годинава, вклучувајќи дела од Давид Кроненберг, Вуди Ален, Мохамед Расулоф и Роман Полански.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни