Едукативната конференција „Поттикнување на самостоен живот на лицата со попреченост”

Родителите, старателите, едукаторите и сите што сакаат да направат позитивна промена за лицата со попреченост на овој инспиративен настан ќе имаат уникатна можност да научат, да се вмрежат и да бидат дел од новите иницијативи за независно живеење.

Едукативната конференција „Поттикнување на самостоен живот на лицата со попреченост преку поддршка на нивните родители и старатели” ќе се одржи во Мултифункционален центар „Крикни” во населба Црниче, денес со почеток во 10 часот.

Родителите, старателите, едукаторите и сите што сакаат да направат позитивна промена за лицата со попреченост на овој инспиративен настан ќе имаат уникатна можност да научат, да се вмрежат и да бидат дел од новите иницијативи за независно живеење.

Програма:

10:00 – 10:15: Регистрација на учесници

10:15 – 10:30: Добредојде од организацијата и вовед во проектот

10:30 – 11:30: Презентација на резултатите од проектот од страна на претставици од Цма Крик и Хуманост

11:30 – 12:00: Сесија за прашања и одговори

12:00 – 13:00: Мрежно поврзување и коктел

13:00 – 13:15: Затворање на настанот

Проектот PARENTS4IND (P4IND) е дел од KA2 акцијата на програмата Еразмус, финансиран од Германската национална агенција, и има за цел да ги зајакне родителите и старателите во поддршката на лицата со попреченост за нивно независно живеење.

Координатор на проектот е Outreach Hannover Ev од Германија, во партнерство со фондацијата Занандреа и Линк ДМТ од Италија, Друштво за професионална рехабилитација и вработување на лица со попреченост Iteccion ДОО, Центар за неформално образование и доживотно учење во Србија, асоцијацијата Хуманост и ЦМА Крик од Република Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни