Едукативна работилница за заштита на пештери и лилјаци

Истражувачкото друштво Урсус Спелеос и оваа година, за време на Ехо – им ја приближува спелеологијата, пештерите и лилјаците, на најмладите

Во вторник на 22 ри октомври, во 17:30 часот, во Europe House Skopje ќе се одржи Едукативна работилница за заштита на пештери и лилјаци.

Истражувачкото друштво Урсус Спелеос (Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”) и оваа година, за време на Ехо – им ја приближува спелеологијата, пештерите и лилјаците, на најмладите.

Работилница е наменета за возрасна група на деца од градинка и деца од основно училиште. Доколку има мешана група, ќе се направат две посебни групи во рамки на просторот.

Обучените едукатори за реализација на вакви едуактивни работилници, преку интерактивен пристап поточно користење на работа во група, сложувалки, цртање итн, ги едуцираат учесниците за пештерите (карст, пештери во Северна Македонија, спелеологија, опрема, пештерски украси) и за лилјаци (каде живеат, што јадат, каде може да се најдат итн) и како да ги заштитиме истите.

Дополнително, во рамките на едуактивните работилници, заедно со едукаторите, децата ќе имаат можност да играат интерактивни игри и да пробаат спелеолошка опрема (да облечат појас, да стават шлем на глава итн)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни