Едноставен трик: Како да препознаете дали меленото месо е свежо?

Научете како да откриете дали меленото месо е навистина свежо – боја, конзистенција, пакување и други клучни знаци кои откриваат додадена вода, соја или маснотии

Купувањето мелено месо, било во супермаркет или кај месар, често не е едноставно. Иако може да изгледа свежо, во практика понекогаш во него се додаваат вода, соја, кожа, маснотии, па дури и презла, со цел да се зголеми количината и тежината на производот, пренесува Danas.rs.

Совети за купување

Таквите адитиви не само што го намалуваат квалитетот на месото, туку можат да влијаат и на вкусот на јадењето и на здравјето на потрошувачите. Затоа е важно да обрнете внимание на неколку детали при купување.

На што треба да внимавате:

Боја на месото:
Квалитетното мелено месо има природна црвена боја, додека бледата нијанса може да укажува на додадена вода или други состојки.

Конзистенција:
Месото треба да биде цврсто на допир, не лепливо или водено.

Пакување:
Проверете ја амбалажата дали има вишок течност – тоа е знак дека месото е обработено со дополнителни состојки.

Купувањето од реномиран месар и проверката на етикетата на производот исто така можат да ви помогнат да изберете квалитетно мелено месо.

Најдобро е месото да го употребите што е можно побргу по купувањето или веднаш да го замрзнете за да ја зачувате неговата свежина и хранлива вредност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни