Милиони луѓе чија работа вклучува работа на компјутер се изложени на ризик од болни повреди. Ако сакате да дознаете дали и вие сте меѓу нив, направете го овој едноминутен тест.
Калифорнискиот анестезиолог д-р Миро Фигура сподели едноминутен тест на TikTok што можете да го направите во вашиот дом, а кој може да утврди дали имате синдром на карпален тунел. За тоа не ви е потребна посебна опрема, а резултатот ќе го знаете веднаш по тестот.
Тој објасни како овој тест, познат како Фален тест, именуван по д-р Џорџ С. Фален, хирург кој беше познат по својата работа на синдромот на карпален тунел, се изведува во болниците за да се дијагностицира или исклучи синдромот на карпален тунел, а потоа тој покажа што точно треба да се направи во неколку едноставни чекори.
Прво, нежно спојте ги грбот на рацете и почекајте една минута. Треба да обрнете внимание на знаците на вкочанетост, пецкање и болка во пределот на трите прсти – (палецот, показалецот и средниот прст). Ако чувствувате нешто од горенаведените, веројатно имате синдром на карпален тунел.
„Причината зошто овој тест функционира е затоа што синдромот на карпален тунел е всушност притисок врз медијалниот нерв во зглобот, а ова движење во тестот предизвикува притисок на тој нерв и на нервите што минуваат низ тие три прсти“, вели д-р Фигура.
Континуираните повторливи движења често го предизвикуваат овој синдром кај луѓето, а употребата на компјутерски тастатури често ги става луѓето во зголемен ризик, што го објаснува и големиот број канцелариски работници кои страдаат од овој проблем. Постојат и други фактори кои можат да го предизвикаат овој синдром.
Вие сте изложени на зголемен ризик ако сте:
– дебели
– бремени
– имате работа или хоби што вклучува постојано свиткување на зглобот или силно стегање на тупаницата, како на пример користење на вибрирачки алатки
– страдате од некои болести, како артритис или дијабетес
– имате родител или брат или сестра со синдром на карпален тунел
– претходно сте имале повреда на зглобот
Синдромот на карпален тунел е изненадувачки чест проблем предизвикан од притисок врз нервот во зглобот. Често може да помине само по себе, но може да поминат месеци пред состојбата да се подобри.
Во повеќето случаи, лекарот ќе препорача носење ортоза за да се одржи зглобот во права положба, а тоа ќе го намали притисокот врз нервот, кој е причина за болката.
За време на опоравувањето би било добро да се ограничат движењата кои ја предизвикале повредата. Сè што вклучува често свиткување на зглобот или силно стегање на раката треба да се минимизира за да се овозможи зглобот да се опорави.
Физиотерапевтите можат да помогнат со совети за тоа кои вежби можете да ги направите за да ја зајакнете областа и да спречите враќање на синдромот.