Кардиохирургот, Џереми Лондон, открива едноставен тест кој може да ви помогне да утврдите дали нешто не е во ред со вашето срце.
Тестот можете да го направите дома и тоа за само неколку минути – така што навистина нема изговор да не го пробате, пишува LADBible.
Кардиохирургот Лондон советува дека не е потребно секогаш да се прават тестови на крвта, рендген или ЕКГ за да се добие увид во состојбата на срцето. Експертот од САД тврди дека со тестот, може да ја проверите состојбата на вашите артерии и да во покаже дали имате затнати артерии.
„Како можете да знаете дека имате блокади на срцевите артерии без ниту еден тест на крвта, рендген или ЕКГ? Мора да го слушате вашето тело“, вели Лондон.
Според него клучните симптоми како што се стегање во градите, болка по должина на раката или во вилицата при напор и отежнато дишење се знаци за тревога.
Зошто овие симптоми може да значат дека артериите во вашето срце се затнати?
„Да претпоставиме за момент дека имате блокада на артерија во предниот дел на вашето срце, тоа значи дека кога се напрегате, таа област која е под блокадата е „гладна“ за крв и тогап почнуваат овие симптоми. Кога одмарате, побарувачката на овој дел од срцето се намалува и болката исчезнува“, вели докторот.
Овие симптоми често се поврзуваат и со ангина пекторис, која обично е безопасна болка во градите предизвикана од намален проток на крв во срцевиот мускул. Тоа е предупредувачки знак дека може да бидете изложени на ризик од срцев удар или мозочен удар“, објаснува NHS.
Тоа е, исто така, чест симптом на коронарна срцева болест (КСБ), која се јавува кога коронарните артерии се стеснуваат поради масен материјал во нивните ѕидови. Британската фондација за срце објаснува:
„Со текот на времето, масниот материјал наречен атером (понекогаш познат како плак) може да се акумулира во вашите коронарни артерии. Овој процес се нарекува атеросклероза. На крајот, вашите артерии можат да станат толку тесни што не можат да донесат доволно крв во вашето срце“, велат од Фондацијата.
Според добротворната организација за истражување на кардиоваскуларни болести, многу луѓе со блокирани артерии или атеросклероза не се свесни за тоа „додека не развијат симптоми, како што се ангина или клаудикација“.