Едно лице во кома по претепување пред ресторан во Виница

Основното јавно обвинителство во Кочани отвори истрага против 37-годишен жител на Виница, осомничен за тешка телесна повреда, откако едно лице беше сериозно повредено во тепачка пред ресторан во Виница.

Инцидентот се случи на 2 октомври на паркингот пред угостителски објект. Според Обвинителството, осомничениот започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, која продолжила надвор, каде што прво му задавал удари со тупаници во стомакот. Во ескалацијата на конфликтот, двајцата се туркале и се удирале со камења, при што осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата.

По ударот, оштетениот паднал во безсознание, а лекарите потврдиле скршеница на черепот и состојбата му е критична – во кома и неконтактибилен, со живот загрозен.

Јавното обвинителство веднаш по инцидентот побарало притвор за осомничениот, кој беше определен за двапати по 48 часа, со цел обезбедување докази и истрага за случајот. Денеска, по формалното отворање на истрагата, обвинителот поднесе предлог до Судот за определување притвор во траење од 30 дена.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата, а граѓаните се повикуваат на внимателност и почитување на законските процедури.

Извор: 360степени

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни